Реновирањето на домот често претставува предизвик, бидејќи вклучува баланс помеѓу естетиката, функционалноста и буџетските ограничувања. Во последните години, PVC панелите со изглед на мермер стануваат популарен избор, нудејќи решенија кои ги комбинираат сите овие аспекти, без да се прават компромиси со квалитетот и стилот.
Една од главните предности на PVC панелите е нивната едноставност за инсталација. За разлика од традиционалните премази како мермерот, чија инсталација бара сложени и временски интензивни процеси, PVC панелите можат да се постават во рок од неколку часа. Овој процес не вклучува комплицирани градежни зафати, што значително го скратува времето потребно за реновирање и го минимизира нередот што произлегува од реновирањето.
Прилагодливи се за секој простор од домот, кујна, трпезарија, тоалет, дневна соба, спална соба.. PVC мермерните панели содржат два типа: рефлектирачки, а постојат и матирани, малку груби на допир (релјефни) мермерни панели.



