Металниот сјај во природен ритам: нова генерација декоративни панели за модерен ентериер

Декоративните панели со метален финиш претставуваат совршен спој помеѓу луксуз и елеганција. Овие панели совршено ја комбинираат природната топлина на бамбусот со современиот сјај на металот, создавајќи уникатен визуелен ефект кој го трансформира секој простор. Надворешниот слој од метал (достапен во inox, gold или rose gold) додава луксузен и модерен акцент, додека внатрешната структура од пресуван бамбус обезбедува издржливост, еколошка одржливост и лесна инсталација. Способни се и да се обликуваат во просторот, освен на рамна површина, може и да бидат обликувани.  

Inox — техничка прецизност и урбана свежина. Совршена за минималистички ентериери или модерни деловни простори.
Gold — класичен луксуз и топлина. Идеален за простории со карактер, како лобија, дневни соби или хотелски ентериери.
Rose Gold. Внесува мек контраст и суптилен сјај.

Металните декоративни панели претставуваат нова естетика во внатрешното уредување — современа, рафинирана и хармонична.
Со нив, секој простор може да добие архитектонски карактер и суптилна игра на светлина што никогаш не излегува од мода.

(more…)